Рама сака заеднички претседател за Албанија и Косово, ЕУ остро реагира
Премиерот на Албанија, Еди Рама предложи неговата земја и Косово да имаат заеднички претседател. Тој ова го изјави во парламентот на Косово на свечената седница по повод десеттата годишнина од независноста на Косово.
„Косово и Албанија треба да имаат заедничка надворешна политика, а не само заеднички амбасади и дипломатски мисии. А зошто да нема и еден претседател како симбол на националното единство и националната безбедносна политика“- кажа Рама.
Сепак тој се огради дека ова е малку веројатно дека ќе се случи за брзо време.
Европската комисија ја критикуваше неговата изјава.
– Ваквите изјави можат да се протолкуваат како политичко плеткање во работите на соседните земји а тоа не придонесува кон градење на добрососедските односи на Западниот Балкан, се вели во соопштението на ЕК.