Британската кралица на модната недела во Лондон
На кралицата Елизабета очигледно ѝ здосадило да ги сликаат само нејзините модерни и млади снајки и решила и таа да малку да се прошета по модните настани.
Таа за првпат ја посети модната недела во Лондон и се разбира, како почесна гостинка, си седна во прв ред до Ана Вентур. Случајно или не, таа одбра да ја проследи модната колекција на Ричард Квин.