Антонио Бандерас бега од Хајди Kлум поради преслободно однесување
Интересни гласини дојдоа по наградите “Златен глобус”, кои се однесуваат на Антонио Бандерас и Хајди Клум. Според магазинот WHO, моделот не престанувал да се стиска со младиот дечко Том Каулиц што го ужаснало шпанскиот актер и тој бегал од двојката цела вечер на настанот.
Според медиумите, Антонио и неговата партнерка Џанел се криеле во зелената соба “за да ја избегнат Хајди”. Актерот дури и нагласи дека однесувањето на 45-годишната Клум и нејзиното 29-годишно момче изгледало како “peepshow”.
На многу од фотографиите на настанот топ моделот постојано се бакнува и се приближува на својот свршеник. Тaa очигледно не се грижела за вниманието што го разменуваа.
Фото: Instagram
“Јас се уште верувам во љубов и брак, иако имам два неуспешни зад мојот грб. Очигледно, јас не сум многу добра во ова. Меѓу нас има голема страст. Ајде да видиме што ќе се случи. Том има неверојатно тело “, коментираше минатата година на шоуто на Елен Џерни Хајди.