71 издание на филмскиот фестивал во Кан

Започна престижниот филмски  фестивал во Кан. Со семејната драма „Everybody knows“ на оскаровецот Асгхара Гархадија вчера се отвори 71. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Кан.

Во главните улоги се Пенелопе Круз и Хавиер Бардем, а двојката беше и една од првите што пристигнаа на црвениот килим.

Пенелопе Круз во фустан на „Шанел“

Oва издание на Канскиот филмски фестивал е во знакот на големи промени. Забранети се селфиња на црвената патека. Според првиот човек на фестивалот, Тијери Фремо, селфито е гротескна појава која го попречува проколот.

Исто така, укинати се и проекциите за новинарите, за да се спречи наметнување на атмосфера во пресрет на премиерите. Оваа година на Канскиот филмски се прекинува и традицијата на давање предноси на „милениците“ и на тој начин на фаворизирање на едни исти луѓе.

Годинашното жири го предводи Кејт Бланшет, која вчера на црвениот килим се појави во фустан што го носеше пред четири години на „Златен глобус“. Преку ден пак, на прес-конференцијата, се појави во пастелно одело. Освен неа, во жирито се и Кристен Стјуарт, Леа Сејду и режисерката Ава Дувернеј.

(лево) 2018 – (десно) 2014 – креација на Armani Prive

жири комисијата на 71. Кански филмски фестивал

Уште еден интересен податок е дека за „Златна палма“ годинава се натпреваруваат и филмови на дури двајца режисери кои во моментот се во домашен притвор поради политички, односно финансиски причини. Се работи за Иранецот, Џафар Панахиј и Русинот Кирил Серебреников.

Меѓу 21 филм што ќе бидат прикажани се наоѓаат и делата на легендарниот Жан Лик Годар, потоа Спајк Ли, Павел Павликовски….

Премиерата на филмот „Everybody knows“ привлече голем број посетители и ѕвезди, па така, вечерта со своето присуство ја збогатија и Џулијан Мур, Мартин Скорсезе, Беницио дел Торо и други.

Во продолжение ви презентираме како изгледаа познатите на црвениот килим, а за дел од нив имате можност да видите и во какви комбинации се појавиле на дневните прес-конференции.

Канскиот филмски фестивал ќе трае до 19.мај.

 

Роми Страјд во Алберта Ферети

оми Страјд во Кавали

Ава Дувернеј

Леа Сејду во Луј Витон

Леа Сејду во Ив Сен Лоран

 

Кристен Стјуарт во Шанел

Кристен Стјуарт во Шанел

Џулијан Мур во Живанши

Пенелопе Круз во Шанел

Пенелопе Круз

Исабел Адџани во ДиорЏорџа Меј Џегер во фустан од брендот Twinset

Фредерик Бел во Yanina Couture

Фан Бинг Бинг во креација на Ali Kaouri

Ли Јучун во креација на Крис Ли

Клое во Шанел

Шантал Џефрис во креација на брендот Lexi

Шантал Џефрис во креација на брендот Lexi

Камила Коељо во креација на Ралф и Русо

Камила Коељо во креација на Ралф и Русо

Араја во Зухаир Мурад

Талија Сторм во Marco y Maria

Пенелопе Круз

Барбара Мајер во креација на брендот Hausach

 

фото : harpersbazaar.com; vogue.com; dailymail.co.uk; news.cn; popsugar.com;

Translate »