Скијач се повреди, па ги чекаше спасувачите: Тоа што го направи овој пилот ги зачуди сите

Скијач претрпел сериозна повреда на ногата на француските Алпи, па мораше да ги почека спасувачите кои што пристигнаа со хеликоптер.

На видеото може да се види колку е стручен пилотот кој изведе неверојатен маневар кој ги зачуди сите.

Со оглед на тоа што несреќата се случила на голема надморска височина, спасувањето можело да биде извршено само од воздух. Откако хеликоптерот пристигна, поради стрмниот терен, леталото не можеше да биде приземјено, па пилотот го приближи хеликоптеорт толку многу, што изгледаше како да има удрено во планината.

На крајот, благодарение на ефикасноста на спасувачките служби и неверојатните маневарски способности на пилотот, се заврши добро и скијачот веднаш бил пренесен во најблиската болница.

Translate »