Подгорица – Фрлил бомба врз американската амбасада, па се самоубил

На амбасадата на САД во Подгорица околу полноќ е фрлена бомба.

“Половина час по полноќ во предниот дел на зградата на амбасадата на САД лице се саморазнесе со  експлозивна направа. Непосредно пред самоубиството, лицето преку патот од  Спортскиот центар  влегло во кругот на Амбасадата на  САД и уфрлило експлозивна направа. Се работи за рачна граната. Во тек е истрагата , напиша Владата на Црна Гора на Твитер.

Портпаролот на амбасадата на САД за  “Вијести” потврди дека имало напад врз  зградата и претставници на  амбасада работат со полицијата да се идентификува напаѓачот.

Во амбасадата никој не  е повреден.

Извршен е претрес на теренот , но не се најдени експлозивни направи, а објектот не  е оштетен.

Не е познат мотивот за нападот.

,

Translate »