Епидемија на СИДА во Русија, Кремљ молчи

Секоја година во Русија се регистрираат 100 000 нови случаи на заболени од ХИВ вирусот. Ова е највисоко ниво на заболени од СИДА на светско рамниште. Секаде низ светот и во Европа, болеста бележи пад, но во Русија не е така. 80 проценти од  новите случаи се регистрирани токму во оваа земја, пренесува “Vice News”.  Извештаите на Рускиот федерален центар за сида, покажуваат дека вирусот кој е својствен за ризичните групи и корисниците на интервенозни дроги, почна рапидно да се шири и врз останатата популација.

Вадим Покровски, директор на Рускиот федерален центар за сида- ХИВ вирусот е голем проблем за Русија

Здравствените експерти за ваквата алармантна ситуација ги обвинуваат руските власти кои не спроведуваат  соодветна здравстена и сексуална едукација и прикривањето на проблемот  со нарко-зависниците.

Според податоците на Рускиот федерален центар за сида  над 900,000 Руси живеат со ХИВ, а секој час се регистрираат нови 10 случаи. 80 луѓе умираат  секој  ден од последици на сидата

“Нема политичка волја да се соочиме со проблемот”, вели Максим Малишев, кој работи за Рилков фондацијата.

“Наместо  владата да пишува извештаи дека се работи на проблемот и дека се оди според планираното, треба да признаат дека ситуацијата е лоша, навистина лоша, вели тој.

 

Translate »