Љубовта на кралицата Елизабета и принцот Филип
Кралицата Елизабета и принцот Филип не покажувањаат емоции во јавност, но и нивните мали гестови кажуваат многу за нивниот однос.
Тие се импресивни 70 години во брак, во кои имаше и разни гласини за наводни неверства на принцот, но едно нешто беше константно во нивното фукционирање од 7 децении – посветеноста еден на друг.
При јавните појавувања се гледа љубовта на принцот Филип кон неговата сопруга и фактот дека ја обожава.
А чувството изгледа дека е во двете насоки.
Но, според експертите кралицата секогаш сака да ја нагласи својата независност и да даде впечаток на комплетно независна личност.
Тој природно ѝ дава да има водство, но никогаш не заостанува многу зад неа.
Тие дури имаат и специјален начин на држење за рака.
Ова држење е поформално од испреплетувањето на прстите, но и начин на кој се изразува поддршка и комфор. Иако, во последните години тоа може да се протолкува и како помош, бидејќи кралицата веќе е во 10-тата деценија од животот и има потреба од поткрепа.
Принцот Филип постојано ја гледа кралицата за да се осигура дека таа е во ред и дали нешто и недостига.
За време на јавните настани тие често се фотографирани како си прават тивки, приватни разговори.
Сè уште си упатуваат љубовни погледи.
И се смеат еден со друг.