Целосна снимка од прегазувањето на малиот Алмир
Братот на Бобан Николиќ, Бојан, на Youtube ја објави целосната снимка од трагичниот настан во Куманово, кога беше прегазен 4-годишниот Алмир Алиу , пред две години на 25 јуни 2016 година, пишува порталот Ако.мк.
Бобан Николиќ оттогаш се наоѓа во притвор, а во меѓувреме започна судскиот процес за дело убиство, но подоцна обвинителство , според се уште непотврдени информации, го преквалификувало делото во убиство без умисла или сообраќајна несреќа со смртни последици.
Во продолжение целосната снимка од трагичниот настан, веројатно користена во судскиот процес:
АКО.мк пишува дека се обиде да ја најде претходно објавувана скратена верзија од снимката на прегазувањето на Алмир, со која се тврдеше дека Бобан Илиќ намерно го сторил делото, но за жал таа е избришана од сите места каде беше објавена.
И за време на судскиот процес Бобан искажа каење за стореното дело со смртни последици:
„Жал ми е за она што се случи. Немав намера некого да повредам, а најмалку дете. Многу ми е тешко што ме обвинуваат за убиство на мало дете. Сите знаат дека направив се да го избегнам инцидентот. Тоа што се случи беше од голем страв. Се извинувам на семејството. Се каам што воопшто се случи ваков настан“, рече тогаш Илиќ.
Според Бобан, критичната вечер на 25 јуни минатата година, околу 22.30 часот, ја однел девојката во здравствениот дом да прими инјекција. Таму се скарале со Седат Алуи, таткото на детето, за тоа кој е на ред, по што тој се заканил дека ќе го фрли низ прозор и го нападнал на скалите на зградата. Бобан го повикал својот брат, бидејќи на девојката ѝ се слошило, а тогаш ги нападнале десетина луѓе, кои почнале да го кршат автомобилот, поради што морале да бегаат.
Но, во меѓувреме во јавноста излезе информација дека обвинителство го преквалификувало делото и сега на Бобан нема да му се суди за убиство. Беа организирани и протести.
,,Обвинителството да не потклекнува на притисоците за прекфалификација на кривичното дело во случајот со смртта на 4 годишниот Алмир“, побараа 100-тина граѓани на протест кај Камениот мост во Скопје, пред два месеца.
Велат дека на овој начин сакаат да испратат осуда за обидот да се преиначи обвинението со кое Бобан Илиќ наместо за „убиство“ да одговара за кривично дело „сообраќајна несреќа со смртни последици“.. Според организаторите на протестот, на овој начин се отвора сомнеж за селективна правда во зависност од етничката припадност на учесниците во судската постапка.
Инаку 4 годишниот Алмир беше прегазен пред две години во Куманово по расправија за ред во здравствениот дом меѓу обвинетиот и семејството на детето. По тепачката што избила меѓу нив обвинетиот Илиќ бегајќи со автомобилот удрил во ѕид и го прегази детото. За случајот им се суди и на таткот на Алмир и уште двајца негови роднини кои одговараат за насилство.Преземено од Ако.мк