Глигор Ташковиќ во тимот за инвестиции на Заев

Поранешниот министер за странски инвестиции  во владата на Груевски, Глигор Ташковиќ , пред два месеци  е избран за член на Комитетот за одобрување на инвестиции во Фондот за иновации и технолошки развој. Тој ќе  има мандат од две години.

Ташковиќ во август 2008 -ма од потпретседателското место во корпорацијата АМБО  додје во владата на Груевски , а сега ќе одобрува странски инвестиции и во владата на Заев.

Изборот е направен врз основа на оглас од страна на Владата на Република Македонија на сајтот на „The Economist“ од 19 октомври 2017 година во времетраење од 15 дена. Согласно законот за иновациска дејност.

Во огласот се барале заинтерсираните да исполнуваат повеќе критериуми и тоа минимум 10 годишно меѓународно искуство во областа на инвестициите, универзитетска диплома а предност имаат кандидати со магистратура и докторат, одлично познавање на англискиот јазик а знаење на македонски е предност, флексибилност за бизнис патувања и да не подлежат на мерки за забрана за вршење функција.

Translate »