Одмори денеска, утре ќе испеглаш!-Среќен 8 Март, драги жени!
Што те прави жена?
Да ти отвораат вратата, дури и кога двете раце ти се слободни и дури и кога сите знаеме, но најмногу ти, дека можеш и сама да си отвориш.
Тоа е ни е муабетот, во можењето. Знаеш дека можеш, но можат и другите да го направат тоа за тебе. На пример, знаеш да возиш автомобил. Но, некогаш нека го направи тоа некој за тебе, оти ти така сакаш.
Ете што те прави жена.
И кога добиваш комплименти, не одговарај со “Не, немаше потреба”, туку со “Да, благодарам!” Не заборавај дека така треба.
Ете што те прави жена.
Маж кој ќе ти каже “Се е во ред” или “Се ќе биде во ред”.
Маж кој ќе те води кога треба, а ќе те следи кога треба.
Маж кој ти вели: “Не, грижи се, јас ќе се погрижам”. Не затоа што ти не можеш да се грижиш , туку затоа што си заслужила некој да се грижи за тебе.
Ете што те прави жена.
Маж кој ти подарува работи, без повод. Бидејќи ти не си повод. Ти си причина.
Паметните луѓе не прават работи само затоа што имаат повод, туку затоа што сакаат и затоа што можат. Подароците со повод и сексот со повод се стар концепт.
Не заборавај дека ти си жена. Си можела да бидеш маж, но си жена. А тоа е најтешкото и нeкогаш најнеблагодарното . Раѓаш, ја држиш куќата, работиш, угодуваш ….старееш побрзо од него токму од тие сто милиони причини.
Тоа те прави жена.
И тоа што се трудиш. И мажот кој се труди да ти угоди тебе. Лично тебе. Маж кој можел да биде со некоја друга, но те избрал тебе, затоа што те цени и те посакува , а тоа треба секој ден да се покажува, а не тивко да се живее со свеста дека е така.
Маж кој на цел глас ќе се фали дека си негова , за сите да разберат.
Маж , кој вози еден од двaтa автомобили во вашето семејство , но оној полошиот, и не му е гајле поради тоа. Зашто ти заслужуваш “покул” автомобил.
Не заборавај дека ти си жена.
И еве што уште те прави жена…
Маж кој станува порано, за да се погрижи за работите за кои треба постојано некој да се грижи, а е подобро да ги направи тој. За да можеш ти да си поспиеш повеќе.
Маж кој те става на прво место и пред сè. Маж, кој не се плаши дека тоа ќе те разгали.
Маж кој не прави пресметки колку добива , а колку дава.
Ете тоа те прави бесцената жена.
Но, не заборавај, на прво место на листата на твоите желби и каприци, стави го мажот. Оној единствениот што е твој, бидејки во принцип секогаш е само еден. А под неговото име, нареди ги сите желби, кои тој треба да ти ги исполни, затоа што си жена и го заслужуваш тоа.