Поплавени се неколку села во Општина Јегуновце
Најпогодено е селото Раотинце, како и селата Сиричино, Туденце и Копанце. Речиси целата земјоделска површина е поплавена, вода има во куќите и дворовите, но и на јавните површини од оваа рурална Општина пренесе ” Слободен печат”
Велеа дека се работи на проект за регулација на Вардар, од Сирично до Раотинце, но на терен не е преземено ништо. Се обратив до државните институции, со цел да се најде решение – изјавил градоначалникот на Јегуновце, Дарко Блажевски