Сакал да ѝ раскине на девојката ама не очекувал ваква реакција

Се обидов  одоколу да ѝ кажам на Кејти дека меѓу нас е готово, а таа прво ми удри бокс во фаца, а потоа уште еден во стомак, раскажува  Бен Кебел  како раскинал со неговата 19 годишна девојка.Откако го удрила, Бен кој  е висок 190 сантиметри , а тежок 90 килограм, ја  фатил девојката за раменици , но не успеал да ја задржи,  избегал кај другар му во соба и викнал полиција.   Кетрин Махони веднаш била уапсена. Тој преку снапчет испратил слики до пријателите со објаснување:” Еве како заврши раскинувањето со Кејти”.

Еве како заврши раскинувањето со Кејти

Кејти и Бен оделе заедно во  колеџ  во Конектикат  и активно тренирале пливање. Двајцата биле гордост за училиштето, одлични во спорот  и учењето, бескрајно вљубени еден во друг.

Бен и Кејти, среќни и заљубени

Бен инаку е Британец, а неговата девојка Американка. По апсењето, Кејти веднаш била истерана од школскиот пливачки тим, а потоа си заминала  и од колеџот, каде била меѓу најпопуларните девојки.Таа покрај пливањето ,  се занимава и со манекенство.

 

Кејти со пријателката

Translate »