Правилна исхрана на почетокот на пролетта
21 март е прв ден од пролетта. Зимата ја оставивме зад себе, со тоа и студеното време, малата улежаност, неактивноста и пообилната исхрана. Со доаѓањето на пролетта, кај сите нас се буди нова надеж, нова енергија и очекувања. Токму затоа, зошто да не започнеме со нови навики, поддржани од врвните производи на линијата Wellness на Орифлеим.
- ЗАПОЧНИ ГО СЕКОЈ ОБРОК СО САЛАТА ВО БОЈА!
По консумирање овошје и зеленчук, ќе јадеш помалку калорична храна. Исто така ова ќе му овозможи на твоето тело многу антиоксиданти, витамини и минерали. Ако е можно, потруди се да одбереш органско овошје и зеленчук. - КОРИСТИ ДОДАТОК ВО ИСХРАНАТА
Секојдневното консумирање додаток во исхраната што содржи витамини, минерали, антиоксиданти и омега 3 масни киселини, ќе ти овозможи да ги добиеш хранливите состојки што се потребни за нормално функционирање на срцето, видот, метаболизмот и имунитетот. Наш совет: пробај го Wellness Пакувањето на Орифлеим – висококвалитени додатоци во исхраната со повеќе од 20 витамини, омега 3 киселини и астаксантин, идеална комбинација специјално наменета за машките и женските потреби. - ОГРАНИЧИ ГО КОНСУМИРАЊЕТО АЛКОХОЛ
Алкохолот може да предизвика проблеми со спиењето, може да го зголеми твојот апетит и е исто така калоричен и штетен за твоето тело. Затоа, ограничи го консумирањето и овозможи си поздрави празници. - КОРИСТИ ПЕДОМЕТАР И ПРАВИ 10.000 ЧЕКОРИ ВО ДЕНОТ
Лесните вежби, како што е чекорењето, ги топат масните наслаги, ја регулираат тежината, го зајакнуваат твоето тело и ти даваат повеќе енергија. Исто така тоа е одличен начин да стекнеш нови пријателства! - ЛЕГНИ СИ ПОРАНО!
Недостигот од сон може да влијае штетно на телото, на пример да предизвика проблеми со имуниот систем. Затоа, легни си порано!