По 15 години, жителите на Сопот се слободни

Чекаа 15 години. Седумина од нив во затвор, за да ја докажат својата невиност за делото тероризам за кое беа обвинети 11 жители на селото Сопот. Во отсуство на докази за нивна вмешаност во поставувањето на нагазната мина во селото, каде загинаа двајца полски војници на НАТО и еден цивилен придружник, СЈО се повлече од обвиненијата со што жителите на ова село се на слобода пренесува телевизија Алсат М

СЈО ќе продолжи со истрагата за откривање на сторителите, отворајќи меѓународна истрага.

Адвокатот, Насер Рауфи, рече дека одлуката на СЈО го потврдува она што одбраната го кажуваше од самиот почеток, дека целиот процес е монтиран.

Повлекувањето на обвинението од страна на СЈО, според мене е на многу високо професионално ниво. Практично, со ова образложение се докажа дека целата оваа постапка што траела 15 години е монтирана од тајната служба“, изјави адвокатот, Рауфи.

Адвокатот, Вулнет Пачуку, најави постапка за надомест за сите обвинети, барајќи оваа постапка да не се одолговлекува од Министерството за правда.

Од денес обвинетите се слободни и овој процес е завршен. Се надевам дека нема да изгубат многу години обвинетите во судските лавиринти за да го добијат заслужениот надоместок. Се надеваме и убедени сме дека Министерството за правда во рок од три месеци ќе излезе со предлог договор за надомест на сите обвинети во овој случај“, рече адвокатот Пачуку.

11 жители на Сопот беа осудени на 156 години затвор врз основа на сведочењето на нивниот соселанец Рамадан Бајрами. Ова беше обезбедено со употреба на насилство врз него од страна на полициски инспектори. Ова се докажа на последните рочишта на овој процес, каде сведочеа шест агенти на УБК.

Надминувањето на надлежностите на полицијата ги потврди и парламентарната комисија за ова прашање, а за невиноста на жителите сведочеше и поранешниот амбасадор во НАТО, Николас Бигман.http://www.alsat-m.tv/mk/

 

Translate »