Вработените според Рамковен договор се уште седат дома и примаат плата

Направена е предлог распределба на работните позиции на кои ќе бидат анжирани  1.600 лица кои се вработени според Рамковниот договор , но  не одат на работа, а примаат плата.

Предлог распределбата следната недела треба да помине на седница на Владата, изјави  министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Според Манчевски, никој од вработените по овој основ не го одбиле понуденото работно место, иако, како што изјави тој неодамна, има опција за такво нешто по што може да бидат ставено на трансфер листа за ангажман во друга работна организација.

По усвојување на информацијата за предлог распределбата на владината седница, Манчевски најави дека ќе презентира целосна информација на кои работни позиции ќе бидат ангажирани овие вработени, кои, со последните зкаонски измени, ќе работат не само во администрацијата, туку и во целиот јавен сектор. Тие може да бидат ангажирани во училишта, градинки, здравствени установи, јавни претпријатија…

Министерот Манчевски најави и дека  следната недела ќе објави детален извештај за бројот на вработени во Македонија кои примаат плата преку буџетот.

Translate »