Бебе се роди со три нозе!

Бебе од Кина се роди со три нозе, поради ретко генетско нарушување, а после 10 часовна операција во Шангај, успешно му била отсранета.

Докторите утврдиле дека третата нога е всушност остаток од делумно формиран паразитски близнак. Паразитските близнаци настануваат кога идентичните близнаци не се разделуваат, а таквата состојба се случува околу еден во милион живи родени бебиња.

Малото момче од 11 месеци, по име Ксиао Феј, мораше да му биде направена сложена операција, која траела 10 часа, пренесува Дејли Меил.

Семејството на ова мало момче живее во далечната Ксинџиага во западна Кина, а неговиот паразитски близнак не е откриен пред раѓањето, бидејќи мајката не посетувала редовни пренатални прегледи и тестови.

 

Набрзо по раѓањето, семејството на малото момче посетувале различни болници ширум Кина, за да пронајдат решение за неговиот проблем и дури неодамна конечно биле примени на лекување во Клинички центар за јавно здравје во Шангај. Детскиот хирург Чен Чиу опиша дека состојбата на малото момче е “многу комплицирана”.

Непосредно пред операцијата, докторот Чен изјави за локалната телевизија дека средната нога на детето ќе биде отстранета, бидејќи нема никаква функција. Покрај тоа, стапалото на момчето не е правилно развиено и повеќе наликувало на рака и поради тоа морало да биде отстрането

Покрај паразитскиот близнак, на детето му се откриени низа други болести кои дополнително ја комплицирале операцијата. Сепак, после низа обиди и потешкотии, операцијата успешно е завршена.

Директорот на клиничкиот центар рече дека оваа операција ќе му овозможи на момчето нормално да живее, но дека кога ќе порасне ќе му биде направена уште една операција.

Translate »