Научниците најдоа доказ дека загадениот воздух лошо влијае на развојот на фетусот
Честички од загаден воздух биле пронајдени во плацента, но, сепак, досега не е познато какви оштетувања предизвикуваат кај фетусот.
Научници пронашле прв доказ дека честички од загаден воздух влијаат и врз неродено бебе, беше соопштено на Конгресот на Европското друштво за респираторно здравје во Париз.
Истражувањата покажале дека токсичните честички „патуваат“ низ белите дробови на бремената жена и доаѓаат во плацентата. Сепак, не е познато какви оштетувања предизвикуваат кај фетусот. Новата студија покажала дека сосема е можно тие честички да влегле и во фетусот, објави „Гардијен“.
Новото истражување испитувало плаценти од жени кои не пушат, а родиле здрави бебиња. Серија претходни студии покажаа дека загревањето на воздухот значително го зголемува ризик од предвремено породување или мала телесна тежина на бебето што предизвикува доживотни проблеми со здравјето. Огромна студија на преку 500 илјади родени во Лондон ја потврдила таа теза.
Неодамнешно истражување покажа и дека загадувањето на воздухот предизвикува огромно намалување на интелегенцијата. Во 2016 година отровни нано честички од загаден воздух откриени се во мозок на човекот.