Момчето се спаси од смрт , но дома го чека голема трагедија
11- годишното момче, кое се фрли од 4-тиот кат на трговскиот центар во рускиот град Кемерово за да се спаси од пожарот, е на интензивна нега. Детето е тешко повредено и со многубројни фрактури, но лекарите се оптимисти дека ќе се опорави. За жал, кога ќе се врати дома момчето ќе се соочи со огромна трагедија. Неговиот татко, мајка и 4 годишната сестра загинале во огнената стихија.
Властите соопштија дека во пожарот загинале најмалку 64 лица, но бројот на жртвите продолжува да расте. Повеќето од загинатите се деца. Истрагата покажа дека излезите за итни случаи биле затворени, а апаратите за гасење пожар не работеле.
Приведени се десет лица, мегу кои и директорот на компанијата во чија сопственост се наоѓа трговскиот центар. До пожарот дошло најверојатно во една од игротеките кога се запалила трамболината. Во рударскиот град Кемрово е прогласена тридневна жалост.