Татко ја нудел својата 4 годишна ќерка на педофили: “Играјте си со татковата мала ќерка”
Американецот Ендрју Џејмс Турли е осуден на 60 години затвор откако се обидел да ја продаде својата 4-годишна ќерка на интернет.
Пресудата била конечна две години откако полицијата во Хјустон го открила интернет огласот на Турли: „Играјте си со татkовата мала ќеркичка“.
Турлии ја опишал неговата ќерка како „помлада од 10 години“ и се обидел да организира состанок со педофил, кој всушност бил полицаец. Нивното допишување и договарање било во преку 70 пораки на маил. Турли барал 1000 долари за 2 часа и ветување дека ќе му даде на детето лек за спиење.
Тој, исто така, нагласил дека детето е премногу мало за пенетрација, но дека сè друго е во ред.
Американецот бил уапсен на 15 ноември, а полицаецот кој дошол во станот на Турли изјавил дека 4 годишното девојќе е пронајдено голо на кревет под ќебе. Американските медиуми пишуваат дека мајката на девојчето не знала што се случува.
-Овој случај ми го скрши срцето. Таткото треба да биде заштитник, а не предатор, изјавил еден од обвинителите.
Турли добил 60 години казна затвор, а помилување нема да може да добие пред да наполни 75 години.