Средба Шапуриќ со европратеникот Кучук-Европскиот парламент силно ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ

 

Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија проф. д-р Зоран Шапуриќ вчера имаше средба со пратеникот во Европскиот парламент Илхан Кучук. На средбата се разговараше за напорите кои Владата на Република Македонија ги прави со цел Република Мекдонија да се стекне со полноправно членство во НАТО и за добивање на датум за почеток на преговори за полноправно членство во Европската унија. Исто така, Шапуриќ го запозна европратеникот Кучук со предизвиците и активностите  за исполнување на европската агенда.

Кучук изрази задоволство што Република  Македонија, по повеќегодишен застој, повторно чекори на патот кон евроатланските интеграции и истакна дека Европскиот парламент силно ја подржува Македонија во нејзините аспирации за членство во Европската унија и Нато. Тој истакна дека овие напори на македонските институции ќе дадат резултат.

Translate »