Митко Чавков вчера се врати дома
Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков по четири месеци поминати во притвор во „Шутка“, вчера се врати во својот дом.
Според фотографиите кои ги објавија неговите најблиски тој беше пречекан од својата фамилија.
Врховниот суд, вчеда донесе одлука мерката притвор да им се замени со мерка куќен притвор на екс-министерот, Митко Чавков, пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, како и на Душко Лазаров и Митко Пешов.Чавков, Муковски, Василевски и полицискиот службеник Пепиќ се дел од 35-те осомничени за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ за настаните што се случија лани на 27 април во Собранието на Република Македонија, а кои од 28 ноември минатата година до денес беа во притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари.Faktor.mk