Путин е секогаш 10 чекори пред нас -Сведочење на екс-британски агент

Москва веќе го разработила планот на одмазда за протерување на руските дипломати од земјите на ЕУ и НАТО, тврди поранешен таен агент на британската разузнавачка мрежа МИ- 5. “Зарем не сте свесни дека имаме работа со бивш КГБ човек? Зарем мислите дека него ќе го прејдете?!”, изјави во ТВ студио агентот , кој пред  јавноста се преставува под псевдонимот  Том Маркус.

Тој тврди дека  руски шпиони секојдневно се во контакт со доверливи информации, а најмногу се интересираат за воената технологија.

Британските разузнавачки служби тврдат дека во  моментов над 5 000 руски “ботови” на интернет шираат нацистичка пропаганда и работат на дестабилизација на британската демократија.  Најранливи за руските “онлајн роботи” и “трол акаунти”  се мрежите Фејсбук и Твитер, од каде се врши шпионирање и агитирање за руската кауза,велат Британците.

Министерот за одбрана на Велика Британија,  Гавин Вилиамсон,  улогата на овие мрежи ја оцени како шокантна и најави дека има намера да зборува, но и да им помогне на  овие интернет компании со цел ваквите содржини да бидат тргнати .

 

Британски министер за одбрана:” Дојде крај на нашето трпение со Русите!”
Translate »