The New York Times – бидете меѓу првите кои ќе ја посетат Северна Македонија

На порталот The New York Times излезе статија за нашата држава со новото име. На оваа страна може да прочитате што велат за нас.

„Тоа е античка земја, но од февруари има ново име, давајќи им на патниците нова причина зошто да ја посетите оваа држава.

Светот има земја со ново име, Северна Македонија. И тоа е добра вест за регионалните односи и патниците, кои се во посета на југоисточниот дел на Европа во поголемиот број. Во февруари, “поранешната југословенска Република Македонија” – како што ОН се осврна на балканската земја за време на нејзиното влегување во 1993 година – официјално стана Република Северна Македонија.“

Македонија во очите на странците – Три минутно видео направено од полски туристи ќе ви го направи денот поубав (ВИДЕО)

Уште еден доказ за тоа колку треба да ја цениме и сакаме нашата држава е токму ова видео. Mateusz Kanownik, студент по кинематографија, неодамна со своето друштво биле во посета на Македонија. Своите доживувања и одлична забава ги пренесуваат преку ова видео. Посетата на Охрид и Скопје и дел од убавините на Македонија ги пренесуваат преку три минутно видео кое ќе ви го направи денот поубав. На пат за Охрид можете да се одморите во прекрасниот ресторан Бакал, во с. Брвеницапа да продолжите преку преубавиот рекански крај…за да стигнете во Охрид.

restoran Bakal

Погледнете и уживајте во тоа што со зборови не може да се опише:

Бела вода- привлечен туристички центар

Сите ние постојано велиме дека Македонија е прекрасна, но голем број од нас, всушност, не ја виделе таа убавина со свои очи. Затоа треба да се искористи секој слободен момент и убавото време и да се организира незаборавна еднодневна екскурзија или еден викенд за нас и за нашите најблиски на место каде што не сме биле никогаш досега. На тој начин барем малку подобро ќе ја запознаеме Македонија и со сигурност ќе имаме убаво искуство кое долго ќе го паметиме. Можеме да одбереме помеѓу водопадите, убавите манастири и цркви, културно-историските знаменитости и други убавини што ги нуди нашата земја.

Планини, реки, снег, чист воздух и вкусна храна. Македонија изобилува со понуда за сечиј вкус за туристите во сите сезони. Освен етаблираните зимски центри, во последно време сè повеќе атрактивни се и досега недопрените предели и алтернативни дестинации кои се прекрасни и полни со убавини.
Таква е и месноста Бела Вода, скриена зад околните ритчиња од Малешевијата, богата со реки и чист воздух. Поминувајќи покрај популарната викенд-населба Суви Лаки, по само 5 километри возење кон Берово, се открива овој центар кој е уште една од многуте убави македонски дестинации.

Translate »