ПОД МРАЗОТ ПОЧНА ДА СЕ ТОПИ НАЈОПАСНАТА РАБОТА ВО СВЕТОТ
Топењето на мразот е посебен феномен од 21-от век, а примерите од замрзнатите површини кои исчезнуваат се многу чести.
Научниците известуваат дека топењето на мразот влијае на животната средина, па така објавиле дека со топењето на мразот може да дојде и до емисија на закопаните зрачења.
Меѓународниот тим до сега проучувал 17 ледени локации ширум светот, вклучувајќи ги и оние на Арктикот, Антарктикот, Исланд, Алпите, Кавказ и Британска Колумбија. Трагови на природна радијација постојат, но научниците бараа примери на зрачења кои ги предизвикал човекот.
„Тоа се некои од најголемите нивоа на радијација надвор од нуклеарната зона“- вели Каролин Класон од универзитетот Плимут.
Радијацијата, која предизвикана од човечката рака, како оние во нуклеарната катастрофа во Чернобил 1986-та година, несреќате во Фукушима 2011-та година, заминува во атмосферата.
Тука има низа од радиоактивни елементи, како радиоактивен цезиум, заради кој луѓето се разболуваат, па дури и умираат.
Потоа чернобилските радиоактивни облаци патуваа низ Европа, без оглед на границите. Носени од дождот, честичките стигнаа и до Велика Британија. Со смрзнување на дождот настанува мраз, во кој што честичките остануваат заробени.
„Радиоактивните честици се многу лесни па по пат на атмосферата можат да се транспортираат до некои далечни дестинации. Дождот испарува, но снегот останува замрзнат со децении, а при топење навлегува и во тлото“- вели Класонова.
Во Шведска во 2017-та година пронајдена е радијација која е 10 пати поголема од нормалното ниво.
Остатоците од радијација не се гледаат само после нуклеарните катастрофи туку и после употреба на нуклеарно оружје.
Радиоактивните елементи имаат различни животни векови.
Плутониумот-241 може да „живее“ 14 години, додека пак синтетичкиот хемиски елемент америциум 241 има животен век од 423 години. Во мразот можат да останат многу долго, а се шират при топење.