Месец дена преживеале на пуст остров: Крајбрежната стража не можела да поверува што гледа во близина на Бахамите- јаделе стаорци за да преживеат (ВИДЕО)
Американската крајбрежна стража спаси тројца Кубанци од ненаселен остров во близина на Бахамите, кои беа изгубени таму 33 дена!
Станува збор за жена и двајца мажи, кои, како што се наведува, преживеале јадејќи кокос, школки и стаорци.
„Неверојатно е што успеаја да преживеат толку долго“, рече еден од спасувачите.
Кубанци биле забележани на остров меѓу Флорида Кис и Куба.
За време на редовната патрола, членовите на екипажот на хеликоптерот ги забележаа како мавтаат со импровизирани знамиња на гребенот на Ангвила.
ТСпасувачите флиле радио, храна и вода на островот од хеликоптерот, а дури следниот ден ги спасија поради лошите временски услови.
Тие не биле повредени, но биле пренесени во медицинскиот центар во Флорида на преглед.
Оттаму е откриено дека се дехидрирани и покажувале знаци на замор, но тие биле во одлична состојба со оглед на тоа колку долго останале сами да се снаоѓаат.
„Ним им беше многу тешко затоа што немаа вода за пиење“, рече Мајк Алерт, пилот на хеликоптер.
Тројца Кубанци им соопштија на припадниците на крајбрежната стража дека пред пет недели нивниот брод потонал во бурно море и дека самостојно пливале на островот. Други детали за престојот на пустиот остров не се познати.