Скандалозно, тригодишно дете вози автомобил

Мало девојче на автопат во Србија кое само управува со воланот од скутот на својот татко крена вистинска бура на социјалните мрежи.

На видео снимката се гледа како на автопат овој родител го „учи“ своето дете да вози автомобил, а таа цело време му ги трга рацете од воланот. Девојчето брзо го движи воланот лево-десно, а несовесниот татко во еден момент целосно и го препушта, тргајќи ги своите раце и смеејќи се на нејзината детска и опасна игра на отворениот пат.

Translate »