На 14 март, во импресивниот амбиент на Македонска Филхармонија во Скопје, ќе се одржи Beauty Awards 2026 – настан кој се позиционира како најгламурозната и најексклузивна beauty вечер во годината.
Во организација на брендот Makear, ова престижно случување ќе обедини врвни професионалци од индустријата за убавина, едукатори, уметници, инфлуенсери и јавни личности, создавајќи уникатна платформа каде се слават талентот, креативноста и професионализмот.

Beauty Awards 2026 годинава ветува спектакуларна продукција, внимателно осмислена програма и атмосфера која ќе ја претвори вечерта во вистинско beauty доживување предводен од Маестро Игор Џамбазов и незаменливата Миа Костова. Настанот е замислен како место каде се спојуваат уметноста, едукацијата и гламурот, а бројот на билети е строго ограничен, што дополнително ја нагласува неговата ексклузивност. Со купениот билет, посетителите стануваат дел од едно вистинско VIP искуство, кое вклучува:
Едукативен сегмент со професионалци и експерти од beauty индустријата
Сертификат за учество
Networking со водечки имиња од индустријата и можност за професионално позиционирање
Елегантно коктел дружење во гламурозна атмосфера
Богат фонд на награди за публиката, меѓу кои и ексклузивно патување во Париз Покрај наградите и признанијата, Beauty Awards 2026 претставува вечер на инспирација, стил и престиж, каде убавината добива своја сцена, а најдобрите во индустријата го добиваат заслуженото признание. Организаторите ги покануваат сите професионалци, љубители на убавината и оние кои сакаат да бидат дел од една навистина гламурозна вечер, да го резервираат своето место навреме.
14 март – Скопје, Македонска Филхармонија Билетите се веќе во продажба и можат да се резервираат на:
www.makearmk.com Beauty Awards 2026 – кога убавината, гламурот и професионализмот се среќаваат на едно место.


