Новата книга го опишува принцот Чарлс како лош домаќин,не ги почитувал неговите пријатели, а со градинарите се однесувал ужасно
Принцот Чарлс, често кога го опишувал својот живот велел дека смета дека е ужасен. Меѓутоа, според тоа што е објавено во новата книга за неговиот раскошен живот, се гледа дека не се обидувал многу да го направи подобар. Чарлс не бил премногу внимателен и љубезен ни кој своите пријатели.
Еднаш кога го поканиле на викенд во североисточна Англија, тој им наредил на своите луѓе ден пред патувањето да го преместат целиот мебел од неговата спална соба, кај пријателот кај кој што требало да престојува. Чарлс од уредната гостинска соба на својот домаќин го изнел целиот мебел и поставил свој. Ормари, полици, ортопедски кревет, па дури своја постелнина, мало радио, посебно виски, шишиња вода и два пејзажи од Шкотска. Доставена му била и храна, секако, органска.
Неговиот домаќин одлучил никогаш повеќе да не го покани на гости. Слична ситуација се случила и на друго патување “на гости”. Чарлс требало да дојде на продолжен викенд кај пријател. Неговите домаќини, во текот на месеците подготовка, повикале бројни гости на вечера, нарачале храна, пијалаци и цвеќе, за се да биде совршено.
Меѓутоа, кога дошол тој петок, Чарлс не се појавил. Од неговата канцеларија им било соопштено на домаќините дека поради работа тој ќе пристигне следното утро. Следниот ден не дошол ни на ручек, а домаќините биле известени дека принцот ќе дојде на вчера. Претпоставувате, не се појавил воопшто.
Чарлс подоцна им објаснил на домаќините дека не можел “да го напушти убавото сонце во неговата градина во Хајгров”. Домаќините, кои потрошиле голема сума на пари за неговото доаѓање, биле очајни.
Колку е лош гостин, подеднакво е лош и како домаќин. Во текот на четирите месеци колку што живеел во Шкотска, поканил многу луѓе на посета за да му прават друштво. Меѓутоа, тие морале за тоа сами да си платат.
Кога приредувал забави во својот дом се било прилагодено на неговите навики и желби. Гостите добиле вечера во околу 20 часот, а тој би дошол во 20:15.
Неговите гости почнале да јадат без него, а Камила ги замолила да не јадат додека да дојде, бидејќи тој ќе се навреди.
Сите негови вработени се жалат на неговото однесување. Чарлс, имено, сака да “плука” по другите и да се жали како животот му е ужасен, а дека сите работници му се бескорисни. Посебно не поднесувал кога во канцеларијата не била температурата совршена.
Најбизарна е приказната за неговите градинари. Бидејќи принцот не сакал да користат пестициди, вработил четворица градинари кои лежејќи на стомак го корнеле плевелот, додека ги влече “Land Rover”. Tocka.mk