Со осигурување на домот ги заштитуваме нашите емоции и спомени, ја обезбедуваме нашата сигурност
Работите откако ќе ги изгубиме, констатираме колку ни се важни! Што ни значат и колку ни недостигаат.. Но се уште има граѓани кои откако ќе им се опожари станот, кога ќе настане поплава, или ќе им се случи кражба, знаат да кажат “зошто не го осигурав домот”!
Купувањето стан или изградба на куќа е најголемиот трошок што човек го прави во текот на својот живот. Домот е светото место, каде наоѓаме мир, спокојство, каде се чувствуваме заштитени. Затоа е важно да го заштитиме и осигураме од бројните ризици кои постојат.
Ако сеуште се прашувате зошто треба да го осигурате домот, експертите од Кроација осигурување ни наведуваат неколку суштински причини.
Осигурувањето на домот нема да го заштити само нашиот дом, ги заштитува нашите емоции, спомени, ја обезбедува нашата сигурност и безбедност, нешто можеби најважно во денешно време. Ги заштитува сите предмети во домот!
Ако сеуште се прашувате зошто е важно осигурувањето на домот, одговорот е краток тоа обезбедува компензација за нашите евентуални загуби. Особено е важно во случај на штети поради непредвидливи фактори како што се природни катастрофи како земјотреси, бури, поплави итн. Неизвесни настани кои не можат да се предвидат. Со осигурувањето на домот добиваме надомест за настанатата штета, како и за предметите во домот.
Надоместокот добиен од Кроација полисата за осигурување на домот може да се користи за обнова, за поправки и за надополнување на предметите од куќата. Така што со оглед на тоа дека постои веројатност за настанување на штета, има смисла да се инвестира во Осигурување на домот. Дополнително бидејќи на пример кога купуваме нов телевизор, нова машина, гаранцијата ни е особено важна, но таа не ги штити нашите апарати од: Кражба, излевање на вода, кршење, пожар, експлозија ризици кои се вклучени во Кроација домаќинското осигурување.
Кроација полисата за осигурување на домот е една од најприфатливите полиси за осигурување. Претставува мала инвестиција која ќе го заштити вашиот дом од загуби. Постојат неколку основни пакети зависно што се покрива. Важно е да ја изберете најдобрата полиса за осигурување според сопствените потреби и карактеристики на вашиот дом.
https://web.crosig.mk/portfolio/domakinsko-osiguruvanje/