Дара од “Жикина династија” во количка, но оптимистична -Животот е суров, но и убав
Кој не се сеќава на Дара и Жика од “Жикина династија”?! Главните ликови на популарниот серијал и денеска ќе ве насмеат до солзи. Таткото и мајката на Боба, ги глумеа Драгомир Бојаниќ -Гидра и Дара Чалениќ. Актерот Гидра не е меѓу живите, а Дара Чалениќ има 84 години , врзана е за количка и моментално е во Белград. Таа имала мозочен удар и со својот сопруг Владо Петрич, професор на Харвард, пред една година од Флорида се вратиле во Србија. Весела и насмеана, за Блиц таа раскажува: ” Убаво ми е кога ќе ми кажат дека ме паметат од “Жикина династија”. Сум чула дека ТВ серијата на Зоран Чалиќ многумина ја гледале и по неколку пати. Кога го снимавме серијалот, се чувствував како да сум дома, но морав да го прекинам снимањето и да заминам кај сопругот во АМерика. Не ми се допаѓа тоа што ликот на Дара станал многу популарен: кога ќе ме видат на улица , не ме перцепираат како Дара Чалениќ туку како “љуби га мајка” .
Секогаш оптимистична Дара Чалениќ”Веќе немам професионални обврски. Играв во многу филмови пред да завршам во количка. Сакам да читам и да готвам. Мојот Владо обожува да јаде, а тоа ми е особено мило бидејќи него е тешко да го задоволите, во секој поглед,” вели Дара.
” Да беа сите мои филмови популарни како “Жикина династија” не би можела да излезам на улица”, се шегува насмеаната пензионерка.
“Боба тогаш се замислуваше дека е голема ѕвезда , а јас го зафркавав. Беше симпатичен, но никогаш не верував дека ќе стане толку популарен. Гидра пак беше оригинален и одлично соработувавме. Знаеше да ме насмее и да ми даде идеи како пефективно да одиграме некоја сцена. Но, јас не сакав да играм во серијали бидејќи така ликовите губат тежина. Мојата одлука да прекинам со договорот се должеше и на фактот што сакав да се преселам во Америка каде беше мажот ми.
Дара Чалениќ ги спакувала куферите и заминала во Америка, кај сопругот. Таа буквално, преку ноќ, исчезнала од сцената. Сега својот живот вака го опишува:
“Животот во Бостон беше интерсен. Ја сакам гимнастиката и слободното време го користев за да вежбам, а навечер одев во кино, театар или на концерт во познатиот Бостонски Симфониски Хол. Могу читав и патував. Секоја зима одевме на Флорида”, вели таа.
Сопругот на Дара , Владо Петровиќ, се вљубил во неа кога за првпат ја видел на претстава во новосадскиот Српски народен театар.
“Дара веќе трета година не може да оди, а како ученичка беше првак во гиманстика на партер. На гредата таа правеше чуда, а сега не може да се движи. Кога ја гледам во количка, си помислувам дека животот е чуден, некогаш суров , а некогаш преубав. За нас двајца беше мешавина од двете ” , вели нејзиниот маж.