Како бебето Сем од најпопуларниот интернет “мим” го спаси животот на својот татко
Бебето со стегната тупаница и победничка фаца кое стана глобален интернет хит, сега има 11 одини и воопшто не личи на себе. Семи Гринер од Џексонвил на 11 години стана “мим бебе” откако мајка му го сликала како си игра на плажа и ја ставила фотката на “Фликр”.
Фотографијата на малиот Сем беше поставен во 2007-ма година, а стана хит три години подоцна. Луѓето го користат мимот секогаш кога сакаат да покажат дека успеале во нешто. Иако од авторските права семејството нема добиено ниту долар, сепак “мимот” на малиот Сем имаше голема улога во нивните животи, конкретно помогна во собирање на средства за трансплатација на бубрегот на таткото момчето. Тие направија “GoFungMe ” страница на која собраа повеќе од 100 000 долари, а им требаа 70 000 долари за операцијата.
“Немаше да успееме да не беа нашите пријатели, семејството и луѓето кои не ги знаевме, а ни излегоа во пресрет. Вие сте пример на хуманост и ви благодариме до небо”, напиша семесјство на страницата на фондацијата откако операцијата бешеуспешно изведена во 2015 година.
“Многу позитивни работи ни се случија оттогаш, ниту еден момент не пожаливме што нашиот Сем стана на славно момче, вели мајката.