“Меур ” хотел во Исланд – Аурора Бореалис над вашиот кревет! Цената ситница!
Заборавете на традиционалните кампувања – еден хотел во Исланд нуди уникатно спиење под ѕвездите.
Собите во хотелот “Buble” се всушност големи пластични меурчиња кои се целосно проѕирни, што значи дека гостите имаа неверојатна глетка на арктичкото небо.
Тој е наречен и “Хотел од 5 милиони ѕвезди, бидејќи ноќе гостите можат да уживаат во соѕвездијата на небото ,а ако имаат среќа и во поларната светлина.
Во секоја соба, односно меур, има удобен двоен кревет со ќебиња и перници . Се подразбира дека собите се загреваат и дека сами можете да ја контролирате температурата вантре. Кондензација нема, бидејки постојано работи бесчуен вентилатор, кој го обновува воздухот 2-7 пати на час.
Во централиот објект е сместен ресторанот, тоалетите, така што ќе мора да излете од меурчето за да стигнете до нив. Ова решение не е баш идеално за оние кои се зимурлави , но мора да признаете дека целиот концепт на спиење под ведро небо на Исланд е нешто што сигурно би го памтеле цел живот.
Собите иако се проѕирни, имаат приватност затоа што се опкружени со дрва, а во близина нема наслени места. Почетната цена се се движи од 500 евра по човек.