Интересен мурал на зграда во Скопје

loading...

Светски познатиот уметник – муралист Векс Ван Хилик (Veks Van Hillik) деновиве изработува мурал на зградата над Билната аптека, во центарот на Скопје, соопштија денеска од Град Скопје.

Информираат дека Градот го поддржал проектот на Младинскиот културен центар (МКЦ) за изработка на повеќе мурали на фасадите на зградите во централното и поширокото градско подрачје со 1.250.000 денари.

Минатата година два мурала ја украсија фасадата на МКЦ, едниот изработен од групата ЗЕРО (ZERO), а другиот од 40-тина прогресивни уметници од Македонија. До крајот на оваа, 2017 година, ќе бидат изработени уште десетина мурали од повеќе прогресивни уметници од Европа, Азија, Северна и Јужна Америка, се вели во соопштението од Град Скопје.

Translate »