Македонија ја победи Норвешка
Репрезентацијата на Македонија со победа на пријателскиот натпревар против Норвешка на „Филип Втори“ во Скопје ја заокружи 2017 година. Со головите на капитенот Горан Пандев во 43. минута, негов 31-ви во националниот дрес, и на дебитантот Кире Маркоски во 93. минута славевме со 2-0 (1-0) против Норвешка.
Ова е прва победа за Македонија против Норвешка во четвртиот меѓусебен дуел, по претходните едно реми (0-0 во 2009 година), и два порази (1-2 во 2009 и 0-2 во 2013 година).