Хороскоп

Прочитајте неделен хороскоп.

Овен

– Периодот не е поволен за решавање на прашања на сентиментално поле, а тоа веќе го почувствувавте на ваша кожа. Дамите родени во знакот на Овен, за разлика од мажите, ќе имаат повеќе сигурност во чувствата, помалку сомнежи и љубомора. За оние кои се во врска – ќе почувствуваат дека партнерот како да е помалку заинтересиран за животот во двојка, а некои сомнежи би можеле да станат и горчлива вистина. На работа, сè ќе изгледа како да стагнира, дури и најочигледните можности на крајот ви се распрскуваат како меурчиња од сапуница. В четврток, Месечината ќе „раководи“ со вашиот ден, па некој може да ви понуди примамливо зделка, сепак не брзајте, оставете ја одлуката за следната недела зашто ветрот се менува. Во периодот пред вас, едно старо правно прашање треба да го сфатите сериозно. Што се однесува до буџетот, ништо ново на повидок, па многумина ќе чувствуваат економска криза низ каква што не поминале низ години или можеби никогаш не сте ја доживеале. Не губете надеж, затегнете го ременот и продолжете по својот пат, храброста нема да ви недостига.

Бик

– Денешната Месечина ќе ви отвори нови сценарија на љубовно поле. Вљубените Бикови, како удрени од гром, ќе почувствуваат огромни страсти во кои ќе уживаат во текот на целата недела. Ќе се чувствувате во центарот на “ѕвезденото” внимание, а партнерот ќе ве изненади со некое ветување кое одамна го чекате. Венера и Марс ќе ги поддржат осамените Бикови и оние кои сакаат да продолжат со врската прекината пред неколку месеци. Професионалната активност пак, ќе биде планина со изненадувачки можности. Еден важен контакт ќе ви отвори нова, авантуристичка деловна можност, особено погодна за оние кои бараат ново работно место или нови деловни предизвици. Размислете внимателно пред да прифатите, особено ако се работи за инвестиција. Не вложувајте во „надуената“ слика за проектот, една дволична личност може да ве поттикне да го сторите тоа. На крајот на неделата може да очекувате убави можности за збогатување на парчичникот.

Близнаци

– Неделава пред вас ќе бидете заљубени во поимот љубов. Периодот ќе биде лесен и весел, нема да има некоја посебна возбуда на сентиментално поле, туку смиреност и разиграност. Ќе почувствувате дека ви е потребна пауза од секаква сериозна врска, па следете ги вашите инстинкти кои ќе ве водат најдобро. Месечината, на средината на неделата, ќе ве стави во ситуација да одбирате. Се уште не е вистинско време да затворите некој професионален однос, иако можеби не сте задоволни и стимулирани од работата. Одговорот сам ќе пристигне, но малку подоцна. За сега, бидете само активен набљудувач на ситуацијата. За осамените Близнаци – ќе пристигне и за вас „возот“ во кој ќе треба да се качите и кој ќе ви го промени вашиот живот, но за сега доцни со сатницата, „патувањето“ е одложено …Што се однесува до економската ситуација, ќе треба да посветите повеќе внимание на заштедата, зашто Меркур е сеуште ретрограден и не ветува добар семеен буџет.

Рак

– Облаци над сентименталното небо, турбуленции, и за време на викендот – вистинска бура во животот на оние кои се во брак. Аргументот што најмногу ќе го нарушува спокојството меѓу сопружниците/или паровите, ќе биде економскиот фактор, односно – конкретно парите. Ако темелите не се цврсти, љубовта ќе се бори да ја задржи врската. За „сингловите“ – друга приказна, Венера и Марс, поставени во доверливите земјени знаци, ќе ги направат слободните срца склони кон љубов, а пролетта е време на вљубување! Имајте на ум дека имате убава ѕвездена поддршка за наоѓање на стабилна врска во следните две години, па затоа земете си време, избирајте добро и не брзајте. Сатурн пак, кој се наоѓа во опозиција, на економски план не носи среќа и радост. Напротив, тој од вас ќе побара огромна дисциплина на работното место, жртва и посветеност. Сè уште ќе чувствувате огорченост да истраете на професионалното поле, дури и ако најлошото сте го надминале, новото што доаѓа ќе биде вистинско разочарувачко изненадување. Финансиите ќе станат причина за големо незадоволство … Секогаш сте им помагале на сите, а сега кога вам ви е потребна поддршка, ќе увидите дека никому не му е „гајле“.

Лав

– На љубовен план, за вас Лавови, не е убава позицијата на Венера и Марс, поставени во земјени знаци, па во неделата пред вас ќе ви носат немир, сомнежи и конфузија. Сите овие аспекти кои не се добри за љубовта, честопати доведуваат до непомирливи „дефекти“ во врската или брачниот живот. Неделава на ова поле, не ја очекувајте поддршката од ѕвездите, туку погледнете во себе – ќе откриете скриена вистина која полека ќе се разјаснува се повеќе и повеќе. Поставеноста на Сонцето пак, за разлика од немирот во емотивниот живот, на работното место ќе ви донесе многу среќа. Под ваквото среќно и великодушно небо ќе се роди нова разиграна професионална соработка. Доколку пак, сте имале некој проект заглавен во „фиоката“, сега ќе биде разгледан и прифатен. Успехот на деловните договори ќе ви донесе свеж воздух, па повторно ќе можете да „дишите“. Не заборавајте дека одредените „приливи“ на толкава среќа нема да бидат чести во иднина, па затоа – и покрај успехот – размислете за заштеда.

Девица

– Сеуште ветриштата на страста ќе ги полнат и брануваат вашите срца. Ќе бидете под заштита на Венера и Марс, кои ќе ви ги прават чувствата нежни и топли, а за нив ќе добивате возврат. Кај многумина Девици ќе „есплодира“ желбата за страст… аферите нема да ви недостигаат! Но сепак, тие ќе ви бидат многу добредојдени по долгиот период на повлеченост, и незаинтересираност за спротивниот пол. Одличен период и за осамените Девици кои сега ќе имаат можност да избираат. Трпението се исплатеше! Што се однесува до работата, ѕвездите ви препорачуваат да побарате/послушате совети од повозрасно лице, зашто неговото искуство ќе ви помогне да ја сочувате на здрави нозе работата која ја извршувате. Благодарение на Јупитер, финансиите ќе ви бидат целосно стабилизирани, но Нептун пак, кој е во опозиција ќе ви носи конфузија и ќе се обидува постојано да ве дестабилизира.

Вага

– Ќе биде подобро да не зборуваме за љубовта, а не па за долгорочните (емотивни) обврски и врски. Нема ветувања од ѕвездите, а со ваква поставеност „математички“ не може да се предвиди што тие ќе ви донесат на емотивен план, но секако не многу убави или мирни нешта. Подобро е во неделава пред вас, да ги насочите силите и енергијата кон воздржување, не влегување во кавги и колку што е можно да останете смирени, па само така неделата може да помине „мазно“. Во секој случај, периодот пред вас е полн со низа несигурности и забуни … Ретроградниот Меркур и бурниот и противречен Уран, ќе бидат заслужните „архитекти“ на дестабилизирачките моменти за професијата. Не очекувајте дополнителна заработувачка, туку вложете труд да го сочувате и ова што го имате, а кое е веќе на климави нозе. Иако, кон средината на неделата, ќе се појави можност за некој поважен проект кој би можеле да го добиете, советот од ѕвездите е „прво да скокнете, па да кажете оп“.

Шкорпија

– Животот е убав затоа што е разновиден…Неделата пред вас ќе бидете во знакот на еротските турбуленции. Ниту еден момент нема да знаете што всушност чувствувате, туку само ќе се препуштате на еротските фантазии. Дури и за осамените Шкорпии, кои не се во врска, ова е период на чести љубовни состаноци кои ќе бидат само авантури и ништо повеќе. Кај паровите кои се уште немаат врска поставена на сигурни темели, повеќе ќе се буди желба за секс, па ќе се чувствуваат како да ја загубиле насоката по која тргнале. Секако, оттука ќе произлезе и потребата да се преиспита сето она што е интимно. Сигурноста за многу Шкорпии нема да биде нешто реално, како ни решенијата кои водат до нешто конкретно. Затоа, барем на работното место ќе мора да се потпрете на нешто што е конкретно и стабилно, и да не покажувате недоверба и несигурност. Избегнувајте ги негативните состојби на умот диктирани од неодамнешното и разочарувачко минато, и размислувајте позитивно.

Стрелец

– „Првата љубов не се заборава никогаш“, но за вас и втората и третата, четвртата, петтата…итн. Создадовте околу вас ѕид на неизбришливи спомени и емоции …, па поранешните искуства кои повторно ќе се појават во вашиот живот, ќе предизвикаат неконтролирано однесување, тешко и за вас и за околината. Многумина слободни Стрелци, очекувано, ќе се впуштат во смели љубовни приказни кои немаат никаква иднина. Но, проблемите ќе се појават поради лошата поставеност на Меркур и Уран. Многу Стрелци на професионален план, сега со помош на зрелоста, како и на животното искуство, со голема енергичност и брзина ќе влетаат во проект кој ќе им изгледа дека ги има сите вредности за да биде успешен. Но, застанете, тоа не е за вас! Со ваква поставеност на планетите ниеден нов проект не може да биде успешен. Подобро, размислете за испатата на долгвите, кредитот во банка и слично, пред да се впуштите во нова инвестиција која многу веројатно ќе ви донесе нови доглови.

Јарец

– Научете да ја цените љубовта и луѓето кои се грижат за вас и на кои им значите. Прифатете го предизвикот иако можеби не сте најподготвени за тоа, верувајте му на партнерот. Во периодот пред вас ќе добиете една убава лекција дека не може да заборавате што другите направиле за вас во вашиот живот. Па многу Јарци, очекувано, ќе бидат „допрени“ од искуството и ќе се променат. Слободните Јарци, може да очекуваат интересна средба со лице од минатото, овојпат бидете повнимателни кон емоциите на тоа лице. Неделата пред вас ви носи една исклучителна можност за напредување во кариерата, веројатно не поврзана со работното место кое веќе го имате. Станува збор за радикална промена, па ѕвездите оставаат на вас што ќе одлучите. Економската ситуација и понатаму останува стабилна. И знаете дека тоа се должи само на вас, зашто се преземате во ваши раце. Продолжете така.

Водолија

– Начинот на кој вие сакате, остава трага. Знаете да бидете преслатки во искажување на емоциите, присутни и достапни, дури и ако оригиналната природа на вашето однесување не е лесно поврзана со правилата на заедничкиот живот, партнерот не може без вас. Ѕвезденото небо кон крајот на оваа недела, ќе им отвори убави можности за оние кои се „сингл“, па ќе бидат сведоци на незаборавна страст. Оние кои штотуку ги започнале своите први чекори во светот на деловниот живот, ќе мора да земат предвид дека ќе треба да вложат двојно повеќе труд и да стават акцент на одговорноста. Тоа нема да биде тешко, зашто со Меркур и Уран од стратешки аспект, успешно ќе постигнат подобра позиција. Оние пак кои веќе имаат стабилна работна позиција, може да очекуваат некоја промена …Но секако, финансиските средства ќе бидат задоволителни.

Риби

– Времето за зрела љубов сеуште не е зрело… Премногу енергија во воздухот, а вам ви треба нежна атмосфера, и „дом“ во кој ќе се засолните. Некои Риби за време на транзитот на Марс и Венера во соседните знаци, ќе почувствуваат будење на сите сетила и страст, па ќе најдат сила да ги прекинат врските со минатото, и со тоа ќе затворат сосема едно поглавје во нивниот живот. На работното место пак, обврските што ќе дојдат ќе бидат пропорционални на можностите што ќе ги имате … важни контакти и соработки се на повидок. Оние кои имаат контакти со странство, или работо во странство, ќе успеат да си го потврдат талентот. Но ѕвездите иако ви даваат голема подршка од небото ви порачуваат – ајде да видиме дека сте одговорни и штедливи! Познато е дека убавите нешта и удобностите ви се допаѓаат, но често не сфаќате колку тие го олеснуваат вашиот буџет.

Translate »