Планинарењето – спортување и уживање во природните убавини!
Без разлика дали зборуваме за качување до врвот на Водно или околината на Берово, предизвик како Кораб или Солунска глава, или пак уживање во недопрената природа на мијачкиот крај, планинарењето е одличен начин да го поминеме денот во природа, да се дружиме со драги луѓе и да спортуваме.
Во прилог се неколку совети за планинари-почетници, како и за сите други кои сакаат да дознаат нешто повеќе за предностите, ризиците и задолжителните работи поврзани со овој феноменален спорт.
1. Планирајте однапред! Пред да тргнете да планинарите, подгответе се добро. Планирањето однапред ќе Ви помогне да бидете побезбедни, да бидете сигурни дека ништо не сте заборавиле, а со тоа и повеќе да уживате во самото планинарење.
2. Набавете добра опрема, пред сѐ – добри чевли! Чевлите за планинарење не мора да се некои скапи чевли, но треба да бидат удобни, а воедно треба да се направени од водоотпорен материјал, на пример GoreTex.
3. Не поаѓајте без доволно вода и храна. Резервите вода се исклучително важни, затоа треба да носите најмалку 2 литра вода од човек! Што се однесува до храната, покрај тоа што е препорачливо да понесете храна богата и со протеини и со влакна, како и свежо овошје, спакувајте и „ужинка“ (енергетски плочки и сл).
4. Внимавајте што ќе спакувате – пакувајте умно! Секогаш внимавајте да не носите премногу работи, но земете некои основни работи: мало пакување за прва помош, извор на оган – за секој случај, а најдобро е на мобилниот телефон да имате и GPS. Секако, не заборавајте дополнителна облека, за да можете да се пресоблечете откако ќе се искачите.
5. Проверете ја временската прогноза! Ова е една од суштинските работи која треба да ја направите пред да појдете.
6. Дознајте се за местото каде што ќе одите. Информирајте се за теренот, патеките, колку е лесно или тешко да се искачите до некаде, колку тоа ќе трае, дали има по пат вода која е безбедна за пиење и сл.
7. Никогаш не одете сами – планинарењето е групен спорт, плус, планинарењето во друштво е секогаш позабавно. Задолжително кажете некому каде точно планирате да одите, за да можат да Ве најдат во случај нешто да се случи (на пример доколку залутате 🙂 ).
8. Загрејте ги мускулите пред да почнете со качување. За подобро загревање употребете Allga San тоник, кој ќе допринесе за подобра искористливост на мускулите и ќе го намали собирањето на млечната киселина во нив, односно ќе го намали ризикот од мускулно воспаление.
9. Внимавајте каде стапнувате. Доколку не сте внимателни, камењата, корењата и други препреки можат да Ве сопнат и да предизвикаат сериозни повреди.
10. Секогаш поставете го најбавниот планинар во групата да оди напред, и прилагодете го темпото на неговото. Ова е важно за никој да не заостанува, да не претера со темпо кое не му одговара или пак да не може да издржи.
11. Правете редовни паузи, особено паузи да се напиете вода. Редовната хидратација на организмот при планинарење е многу важна.
12. Доколку се искачувате на сонце и во предел каде што нема сенки, не заборавајте да се намачкате со крем со заштитен фактор и да ја заштитите главата од сонцето.
13. Не заборавајте да ги соберете сите отпадоци од местото каде што ќе одмарате и да ги фрлите на соодветно место. Грижата за животната средина и одговорното однесување се дел од планинарскиот бон-тон!
14. Откако ќе завршите со планинарење, опуштете ги мускулите со масажа со Allga San Мобил гел, кој особено се препорачува за спортисти и луѓе кои водат активен живот, а е направен на база на природни состојки. Масажата со овој природен препарат е исклучително ефикасна и полезна, а ефектите од неа се чувствуваат и до 4 часа по апликацијата. Allga San Мобил гел – лесно се масира, длабоко продира и природно ослободува!