Димитров за провокацијата на Дачиќ: Од нас зависи дали ќе има ,,пецкање,, или ќе живееме како браќа
Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров не даде директен одговор на провокацијата на неговиот српски колега Ивица Дачиќ кој често упатува жестоки кон Македонија и неодамна изјави дека Србија направила голема грешка што не признала како држава бидејќи со тоа не добила ништо. Првиот македонски дипломат во интервју за српската телевизија Н1 даде позитивни изјави за односите меѓу Македонија и Србија.
– Мислам дека таквите изјави не помагаат особено. Ние сме министри на две земји, ги претставуваме двата народа, блиски народи. Имаме заедничка историја во Југославија, ќе бидеме заедно, се надевам во не толку далечна иднина во Европската унија и на некој начин нашата блискост не може ништо да ја расипе. Но, од нас зависи дали ќе има „пецкање“ и повремено „боцкање“ или ќе бидеме како браќа, рече Димитров.
Одговарајќи на прашањето за Косово, Димитров кажа дека Македонија во спорот меѓу Белград и Приштина не може да биде голем играч, ниту пак премногу да влијае на самите процеси.
– Ја делиме границата и во интерес ни е овој проблем да се реши на најдобар можен начин и за двете страни во разговорите во кои посредуваат Брисел и Федерика Могерини. Ние имаме доволно свои проблеми и не би сакал да бидеме колатерална штета на оваа динамика, рече Димитров за Н1.