Зачинета храна за будење на телото
Умерено зачинетата храна има голем број здравствени придобивки. Генерално, лутата и зачинета храна претставува стимуланс во телото. Ја стимулира крвната циркулација и ја заголемува телесната температура. Се смета дека зачинетата храна го зголемува и апетитот преку зголемено лачење на плунката и ензимите за варење на храната. Генерално, истражувањата покажале дека зачините се главен стимуланс за изострување на сетилата, будење на телото и поголема енергија.
Здравствени придобивки на зачините
Се смета дека зачините имаат многу придобивки за здравјето. Според бројни истражувања, чилито, ѓумбирот и други зачини ги ублажуваат воспалителните процеси во дигестивниот систем. Голем број од зачините се одличен извор и на витамин Ц, кој помага во зајакнување на организмот во борбата со настинки, има антиканцерогено дејство и помага во превенција на срцевите болести.
Последните истражувања велат дека зачинетата храна не предизвикува чир на желудникот туку напротив таа делува во намалувањето на размножувањето на хеликобактер пилори, која се смета за главен причинител за чир на желудник. Се смета дека состојката капсацин, која ја содржат лутите зачини, го намалува размножувањето на хеликобактер пилори.
Активната состојка на куркума, куркумин, се покажа дека има голем број значајни здравствени ефекти. Се смета дека помага во третманот на синдромот на нервозно дебело црево и проблеми со варењето на храната. Куркуминот се користи и како природен лек во превенција и лекување на карциномот на дебело црево.
Зошто не треба да се претера со лутата и зачинета храна?
Умерено зачинета храна може да биде ваш сојузник во борбата со голем број здравствени проблеми. Но, премногу лутата и зачинета храна може да го иритира дигестивниот систем, синусите, уринарниот систем… Првата реакција се солзење на очите и течење на носот. Доколку имате чир или други здравствени проблеми, исто така не се препорачува пречесто или премногу зачинета храна.
Доколку сте љубител на храна со силен вкус, тогаш одберете зачини кои ви вам ви одговараат. Уживајте во убавите вкусови и користете ги природните зачини за вашите оброци и оброците на вашето семејство.