Кинеска салата, подготовка на брз и лесен начин
Лесно, а вкусно, јадење кое ќе го обожавате!
СОСТОЈКИ:
- 1 шолја ориз
- 3 шолји вода
- 1 лажица кари
- 1 лажичка сол
- 2 помали или 1 поголема краставица
- 4 варени јајца
- 250 гр зготвено пилешко филе
- 50 гр мајонез
- 200 гр кисела павлака Пекабела
- 1 лажица сусам
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Оризот згответе го во три шолји вода со сол и кари. Изладете. Исечкајте ја краставицата на коцки и добро стегнете, да излезе вишокот течност.
- Јајцата исто така исечкајте ги на коцки, а пилешкото филе на ленти. Измешајте павлака и мајонез.
- Сусамот пропржете го без маснотија, да добие браун боја и да замириса. Изладете.
- Соединете ориз, краставички, јајца, пилешко филе и смеса од мајонез и павлака. На крај додајте препржен сусам. Измешајте. Добро изладете и послужете.Gotvi.com.mk