19 годишен педофил грабнал шестгодишно момче и го силувал
Елнес Хујиќ (19) го грабнал детето во вечерните часови во приградска населба во Сараево и го однел дома, каде брутално го силувал. Вујкото на 6 годишното момче вели дека детето се враќало од кај бабата, кога соседот Хујиќ го киднапирал.
Момчето сведочи дека педофилот го влечел до куќата, а внатре почнал да го бакнува. Му ја искинал облеката и го силувал.
Детето во состојба на шок, се вратило дома и на мајката ѝ раскажало се. Семејството повикало полиција , а детето било однесено на клиниката за педијатрија, каде било потврдено дека врз детето е извршено сексуално насилство.
Земени се брисеви, а на облеката на жртвата се најдени срамни влакна, за кои истражителите веруват дека му припаѓаат на Хујиќ. Тој е приведен и сослушан. Осомничениот прво го негирал злочинот, а потоа почнал да се правда дека бил пијан, откриваат полициски извори.
Хујиќ и претходно ги вознемирувал децата во соседството, но никој не помислил дека е способен на ваков злочин.