Како да си ги вратите парите кои сте ги позајмиле на некој

Едно од најделикатните прашања  кои што  можат  да се испречат меѓу блиските пријатели и роднини е позајмување пари. Многу  често, кога помагаме некому,  давајќи му пари на заем,  почнуваме и самите да се пресметуваме колку имаме настрана и можеме ли да си дозволиме да издвоиме од буџетот за да позајмиме.

Некогаш, навистина немаме можност да им помогнеме и на најблиските кога ќе ни се обратат со молба.  А освен тоа, во некои  случаите не можеме да бидеме сигурни,  дека тој  ќе биде коректен и ќе ни го врати долгот.

Еве како да ги  избегнеме непријатните  ситуации, без да ги нарушиме  добрите односи и како  да се согласиме да помогнеме, без да стравуваме дека ќе бидеме излажани: на прво место замолете го оној на кого му давате пари  да каже кога точно ќе ви го врати  долгот и не се срамете да го прашате што ќе се случи ако не успее да го испочитува временскиот рок, кој го посочил.

Имајте на ум, колку и да сте блиски со таа личност, можно е да не си ги добиете парите назад, но и обратно. Размислете дали таа сума ќе се одрази на вашиот буџет и дали можете да си дозволите таков ризик. Никогаш не  даваје повеќе, отколку што  можете да си дозволите да изгубите.  Ако се сомневате во тоа, можете да се повлечете и да  откажете, никој нема право да  ви се налути за вашата  одлука. Би било добро, сепак, да му објасните на молителот кои се причините зошто сте го одбиле.

 

Translate »