Не е сеедно каде ќе ја поставите елката: Доколку се наоѓа на ова место во станот ќе ви донесе пари во 2019!
Времето на празниците може да биде многу стресно како за домашниот буџет така и за припремата и еуфоријата.
Фенг шуи не само што помага во украсувањето на домот и придонесува за благосостојбата, туку ни нуди совети за тоа како да ги уредиме новогодишните и божиќните декорации за да создадеме позитивна енергија во нашиот дом.
Каде да ја поставите елката?
Зимзеленото дрво ја симболизира долговечноста и пријателството. Според сертифицираните феншуи практиканти, триаголниот облик на новогодишната елка се смета за симбол на оган, а најдоброто место за овој симбол е во просторијата што го зафаќа горниот лев агол на вашата куќа. Овој простор се смета за “површина на богатството”, а триаголни облици и предмети изработени од дрво се особено силни. Ставањето на елка на ова место ќе привлече богатство и просперитет во вашиот дом.
Исто така, добри места за Новогодишни елки главно се сите агли на вашиот дом или централниот дел од куќата, каде што енергијата ќе се стабилизира за време на овој „зафатен“ дел од годината.
Во случај елката да сте ја поставиле на север, украсете ја со стаклени декорации во сина, бела, сребрена и златна боја.
Елката на западната или северозападната страна би требало да биде во бели, сребрени, златни и жолти тонови, а никако не во црвени.
Во случај елаката да се наоѓа на југозападната или североисточната страна на вашиот дом, поволно е декорацијата да е во жолти и црвени тонови и многу керамички украси, додека белата и сребрената боја не се препорачуваат.
Со цел таа да придонесе за подобар семеен однос, препорачливо е секој член да стави најмалку една декорација на дрвото, бидејќи на тој начин членот ја поставува и својата лична енергија. Каде и да го ставите дрвото, осигурете се дека не го блокирате протокот на енергија низ вашиот животен простор.
Елката не смее да биде поставена на место кад што ќе го блокира протокот на енергијата – кон влезната врата или блиску до вратите.
Можеби ќе биде потребно да ја преуредите собата во која ќе ви биде поставена елката. Доколку тоа го правите, бидете сигурни дека мебелот нема да го блокира просторот за движење или протокот на енергијата, а не би било лошо да преместите некои предмети во другите простории за време на празниците со цел да овозможите оваа енергија слободно да тече низ просторот.
Запаметите, кога вашата дневна соба или семејна соба ќе биде преполна со божиќни подароци, просторот ќе биде во уште поголем хаос. Фенг Шуи советува елката да не ја ставате во:
– Ходник или собата каде може да блокира влез
– Во подрачје каде што ќе смета на протокот на енергија
– Премногу блиску до извор на топлина или камин, каде може да предизвика пожар или да се исуши брзо.
Како да го украсите својот дом за да ви донесе среќа?
– Немојте да избегнувате светилки или светлечки украси. Оганот симболизира слава и углед, а светилките симболично го претставуваат огнот
– Со цел да го подобрите здравјето, божиќната ѕвезда или некое друго живо цвеќе засадено во земја чувајте го во средината на просторијата
– Украсни анѓели ставете лево од влезната врата. На тој начин ќе осигурате помош на и од драги луѓе.
– Во десниот агол наспроти влезната врата, ставете две мирисни и украсни свеќи. На тој начин ќе обезбедите празници полни со љубов и разбирање. Најдобри бои за свеќите се жолтам розова и црвена.
– Оживејте го домот со свежи бои и прекрасни мириси
– Позади вазната со цвеќе поставете украсно огледало со цел убавината да се дуплира
– Главните светлечки тела не би требало да бидат премногу јаки
– Додадете перничиња или некои други округли предмети кои ќе помогнат за протокот на позитивната енергија.
– Повикувајте парен број на гости
– Не ги поставувајте гостите да седат до близина на врата. Кој прв седи до излезот, секогаш прв си оди
– Дозволете им на децата што повеќе да уживаат и што е можно помалку викајте на нив.