Пратениците денеска се очекува по вторпат да го гласаат законот за ратификација на договорт со Грција, откако претседателот Иванов одби да го потпише указот и го врати во Собранието. Законот треба да биде изгласан со апсолутно мнозинство, а потоа тој повторно ќе биде доставен до претседателот на државата.

Иванов најави дека нема намера да го потпише указот, за законот да се објави во „Службен весник“, а до Собранието тој достави и допис во кој образложи дека договорот со Грција според него е спротивен на Уставот и ја доведува македонија во состојба на потчинетост и зависност од друга држава, како и дека во изборната кампања во 2014 ветил дека нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име.

Законот за ратификација на договорот со Грција беше изгласан на 20 јуни со 69 гласа ЗА. Опозицијата не присуствуваше на седницата, со образложение дека нема намера да учествува во донесувањето штетни и неуставни договори за државата.