Бракот со нив е вистински пекол: 5 хороскопски знаци кои најчесто се разведуваат

Доколку сте родени во еден од овие хороскопски знаци, добро размислете пред да одлучите да стапите во брак поради тоа што имате поголеми шанси за развод од останатите знаци во хороскопот.

Близнаци

Превртливите Близнаци еден ден сакаат едно, а друг ден нешто целосно поразлично, па со причина се наоѓаат на оваа листа поради тоа што со нив никогаш не се знае ништо сигурно. Тие сакаат да ги идеализираат нивните партнери, па лесно може да се разочараат во нив.

Водолија

Ја сакаат својата независност и најдобро се чувствуваат кога се сами – тие се најосамениот знак во зодијакот. Доколку не се чувствуваат удобно во врската или пак бракот, големи се шансите да стават крај на тоа поради тоа што слободата им е на прво место.

Јарец

За разлика од Близнаците и Водолиите, Јарците вообичаено не се тие кои бараат развод, туку најчесто тоа го прават нивните партнери. Имено, луѓето родени во овој хороскопски знак се трудат да ги импресионираат своите партнери додека не го добијат тоа што го сакаат.

Стрелец

Стрелците обожуваат да флертуваат и не можат да се воздржат од него дури и кога се во брак, што секако дека на нивните партнери тоа не им се допаѓа. Ретки се оние луѓе кои можат да издржат да бидат во брак со типични претставници на овој хороскопски знак.

Шкорпија

Баш како и Стрелците, Шкорпиите не ја пропуштаат шансата да флертуваат, а исто така тие се склони кон изневерување на своите партнери. Покрај тоа тие се љубоморни и посесивни во бракот или врската, а тоа ретко кој може да го трпи.

Translate »