ВИДЕО: Барди-шоу на „Сан Мамеш“, ДВА ГОЛА за ДВЕ МИНУТИ од слободен удар!
Енис Барди доби шанса од самиот почеток на денешниот дуел против Атлетик Билбао и повторно ги покажа своите квалитети и со два мајсторски гола од слободен удар во самиот финиш на првиот дел направи целосен пресврт и донесе водство од 1-2 за Леванте.
Се играше 42. минута, тимот на Леванте доби шанса да изведе слободен удар, откосо на работ од шеснаесетникот, а нашиот Барди со мајсторски удар го матира Кепа, за израмнување на 1-1.
Само две минути подоцна, скоро од истата позиција, нашиот репрезентативец доби нов слободен удар, го изведе на ист начин, биеше на истата страна, а Кепа повторно остана само вкопан на гол-линијата.
Со денешните два гола, Енис Барди стигна до бројка од шест гола во шпанскиот шампионат оваа сезона.
преземено од гол.мк