Талат Џафери: Не сум оптоварен со време кога ќе го пуштам Законот за употреба на јазиците
Претседателот на Собранието Талат Џафери рекол дека Законот за употреба на јазиците ќе биде објавен во Службен весник, но не кажал кога, пренесува СДК.
„Не сум оптоварен со време кога ќе го пуштам Законот за употреба на јазиците во Службен весник. Ќе добиете навремена информација кога тоа ќе го направам“, рекол денеска Џафери на редовниот брифинг со новинарите.
Според Џафери, претседателот Ѓорге Иванов го прекршил Уставот со одбивањето да го потпише указот за Законот, па не е кривично дело тоа што тој упатува на овој закон да се објави. Џафери го повторил ставот дека нема да стави потпис во име на друг.sdk.mk