Славчо Поповски прогноза за времето: Жолта предупредувачка фаза

loading...

Денес целата територија на државава ќе биде во жолта предупредувачка фаза поради многу високите температури на воздухот но и поради локалниот развој на нестабилност во попладневните часови.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој локално ќе се засилува по интензитет.

 Во попладневните часови особено во планинските места но и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а не се исклучува и за ретка појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интерал од 23 до 30 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Translate »