Криминалците сакале да го убијат полицаецот, но кучето Лукас им го расипал планот

loading...

Локалната банда планирала да го киднапира полицаецот Тод Фрејзер и во блиската шума да го заколат. Криминалците му подготвиле стапица додека патролирал. Исценирале дека на воланот во автомобил  лежи онесвестен човек и кога полицаецот се приближил, му пристапиле двајца  мажи. Тој помислил дека се обични граѓани, но тие му се нафрлиле, а им се приклучил и човекот од колата. Почнале да го тепаат и да го влечат кон автомобилот . Но, не знаеле дека Фрејзер има колега.

“Ме нападнаа сите тројца. Јас сум ситен и немав шанси против нив.  За среќа во патролната кола, во кафез , беше Лукас,  мојот полициски пес. Го стиснав копчето на ременот со кое се отвара кафезот.  Целиот бев облеан со крв и ништо не можев да видам. Ама го слушнав! Завиваше како волк додека ги касаше! Е сега, ќе ви покаже, си помислив во себe”, раскажува полицаецот.

Фрејзер и Лукас, неразделни
Најдобри пријатели и колеги

Бандидите во паника се разбегале. Но, полицаецот и кучето исто така се здобиле со повреди. Фрејзер бил однесен во болница, со повреди на главата, а Лукас на ветеринар со скршени заби и скинат лигамент. По лекарскиот третман, и двајцата се добро.

Полицијата на Мисисипи , го награди Лукас со орден ” Херој на годината” затоа што го спасил животот Фрејзер.

“Не знаеме  колкумина од криминалците “суредил” Лукас. Но, кога ги најдовме, целиот беше во крв”, сведочат полицајците.

 

 

Translate »