Луксузниот живот на стјуардесите во Емиратите
На 23 години таа живее живот на мултмилијардерка, патува по егзотични места и има над 60 000 следбеници на Инстаграм. И сето тоа благодарение на нејзината работа. Убавата Бригита Јагелавициуте е стјуардеса во авио-компанија во Емиратите. Таа е од Литванија, а сега живее во Дубаи.


“Одлуката да се пријавам за стјуардеса во Емиратите не беше лесна. Тоа значеше дека морам да излезам од мојата” безбедна зона” , да ризикувам и не згрешив. Им препорачувам и на другите да го направат тоа, ако сакаат да патуваат низ светот. А патувањата се најдобрата животна школа”, вели Литванката.
“

” Работата е напорна. Понекогаш се случува во една недела да се најдам на две дестинации, во две различни временски зони. Треба брзо да се прилагодувате. Постојано се патува на различни места, со температурни разлики, а тоа не е лесно и за оние кои со децении се во оваа работа. Минатиот месе, во рок од една недела, бев и во Бразил и Јапонија”, раскажува Бригита.



